Француски воен авион со два пилота денеска исчезна од радарите во област во близина на границата со Швајцарија, за време на лет.
Портпаролката на француските военовоздухопловни сили изјави дека станува збор за француски ловец „Мираж 2000Д“, кој последен пат бил забележан на радарите во планинската област помеѓу регионите Дуб и Жура.
Авионот полетал по 11 часот од база во североисточна Франција.
Во тек е потрага во која се вклучени припадници на планинската служба за спасување, на полицијата, војници, пожарникари и локални жители.
Видливоста во областа е многу мала, има густа магла и врне снег.