Лидерите на Кина и Индија, Си Џинпинг и Нарендра Моди, изразиле подготвеност нивните земји да помогнат во ставањето крај на конфликтот во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин позитивно реагирал на предлогот, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека темата била разгледана на маргините на самитот на БРИКС во Њу Делхи. Тој додаде дека Москва е отворена за напорите на секоја држава што може да го искористи своето влијание за да го поттикне Киев да покаже „поголема флексибилност“.
– И претседателот на НР Кина Си Џинпинг и индискиот премиер Нарендра Моди покажаа голем интерес за украинското прашање. Тие изразија подготвеност, доколку е потребно, нивните земји да одиграат улога во решавањето на конфликтот и да придонесат во тој процес. Претседателот Путин го прифати тоа многу позитивно – изјави Песков.
Тој додаде дека Путин на соговорниците им дал „дополнителни појаснувања за реалната состојба во врска со процесот на решавање на конфликтот, како и за фактичката состојба на фронтот“.
Москва тврди дека е подготвена да ги обнови мировните преговори, но истовремено бара целосна контрола врз преостанатите делови од Донецката област во источна Украина кои се под контрола на Киев.
Украина, пак, ги отфрла барањата за територијални отстапки.
































