Вчера во автокамп на брегот на Охридското езеро во Охрид, лишен од слобода е Л.Д.(44) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– При претрес извршен по судска наредба во камп приколка која тој ја користел, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа една најлонска кеса, една пластична кутија со опојна дрога марихуана како и предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.


































