Фото: Маја Јаневска-Илиева

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Тој порача дека во духот на соживотот и почитувањето на различностите, треба заеднички да се гради општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

– Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски – стои во честитката на претседателот на Собранието.