Фото: ЕПА

Кувајтските власти вечерва соопштија дека земјата е под воздушен напад, откако биле забележани непријателски цели во националниот воздушен простор.

Од Генералштабот на Армијата информираа дека вооружените сили спроведуваат операција за пресретнување на воздушните закани и ги повикаа граѓаните да ги почитуваат сите безбедносни упатства издадени од надлежните институции.

-Вооружените сили во моментов пресретнуваат непријателски цели во кувајтскиот воздушен простор – се наведува во соопштението на Армијата.

Нападот доаѓа во период на зголемени тензии на Блискиот Исток. Во изминатите денови Иран изврши повеќе напади врз Кувајт и други американски сојузници во Персискиот Залив, како одговор на американските воени напади врз иранска територија.