По спектакуларните настапи како специјален гостин и поддршка на Џим Џефрис на неговата европска турнеја, еден од најдобрите австралиски стенд-ап комичари, Амос Гил, ова лето доаѓа во Македонија со своето најново и наградувано соло шоу „The Pale, Stale, Straight White Male“.
Публиката ќе има можност да го погледне во Охрид, каде на 21 јули ќе го отвори 8. Интернационален фестивал на комедијата „Summer Comedy Marathon“ 2026, настан кој „Друга страна“ го остварува во соработка со фестивалот.
-Секогаш урнебесен, повеќекратно наградуваниот Амос Гил никогаш не се воздржува кога треба остро да ги „боцне“ нелогичните размислувања, општествените апсурди и интелектуалната апатија што го обликуваат светот околу нас. Со препознатлив сарказам, брза импровизација и беспрекорен тајминг, тој без страв ги предизвикува „вистините“ од сите страни на општеството. Ако сакате стенд-ап без цензура и вечер исполнета со искрено, гласно смеење – ова шоу не треба да го пропуштите – велат организаторите.
Амос Гил е еден од најпознатите австралиски комичари на денешницата. Кариерата ја започнува како радио водител, а многу брзо станува едно од најпрепознатливите имиња на стенд-ап сцената. Денес успешно настапува низ Австралија, САД и Велика Британија, а зад себе има настапи на легендарни сцени како Синејската Опера и Медисон сквер гарден, како и повеќе меѓународни турнеи со Џим Џефрис.
Покрај бројните телевизиски настапи и распродадените соло турнеи, денес е и ководител на популарниот подкаст „At This Moment“, кој бележи голема слушаност ширум светот.