Фото: Маја Јаневска Илиева

Пожарот кој денеска попладне избувна во објект во близина на „Рампа“, успешно беше изгаснат. Службите на градот по гасењето, ги чистеа остатоците на улиците и тротоарите.

Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.