Интерпол денеска објави дека Украинката Анастасија Березовска е осомничена за бомбашкиот напад во Монако, чија цел наводно бил украински тајкун со врски со Русија.
Во црвената потерница објавена на својата веб-страница, Интерпол ја идентификуваше Березовска (39) како жената по која интензивно се трага.
Во потерницата се наведува дека таа има тетоважа на десната рака од рамото до лактот, родена е во Украина, има темна коса и зборува германски.
Додадено е дека властите во Монако го бараат нејзиното апсење за обидот за убиство и други кривични дела.

































