Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

  • По првите 12 натпревари се појавуваат вообичаени шеми и трендови, како враќање на формацијата 4-4-2, фокус на дијагонална игра, ефективност на лажните деветки, сѐ пофлуидни средни линии, прекини во стилот на Премиер-лигата, пишува „Би-би-си“

Убавината на светските првенства (СП) е разновидноста на уникатни стилови и фудбалери што се натпреваруваат едни против други на најголемата сцена. Понекогаш ова претставува необични тактички предизвици што бараат брзи решенија. По првите 12 натпревари се појавуваат вообичаени шеми и трендови, пишува „Би-би-си“.

  • Враќање на формацијата 4-4-2. Фудбалските тактики постојано се развиваат и анализираат на сѐ подетален начин, па затоа е интересно да се види како формацијата 4-4-2 станува толку често користен на СП 2026. Фудбалот во англиската Премиер-лига од почетокот на 2000-тите години беше типизиран со формацијата 4-4-2. Просторите меѓу играчите беа поголеми, со помалку ниски блокови и помалку извежбани високи притисоци. Ова доведе до повеќе време и простор за напаѓачите да се изразат. Тимовите, можеби поради условите и недостигот од време за тренинзи, се вратија на 4-4-2, што изгледа слично, делумно објаснувајќи зошто мечевите се чувствуваат поотворено. Многу селекции се одлучуваат за таква формација надвор од посед, избираат моменти во кои ќе притиснат, но во голем дел избираат да се бранат во средниот блок, наместо да се бранат длабоко или постојано да притискаат високо, пишува „Би-би-си“. Интензивниот пресинг во текот на цел меч станува помалку ефикасен со оглед на топлината и влажноста, но во некои моменти им донесе плод на некои репрезентации.
  • Фокус на дијагонална игра. Во формацијата 4-4-2, одбранбената селекција е добро позиционирана за да ги запре движењата напред и странично поради нивните две рамни линии од по четири играчи. Како резултат на тоа, нападот дијагонално е тренд што го гледаме повеќе на ова СП. Играњето под овие агли им помогна на репрезентациите да се движат од широки позиции на поопасни централни позиции играјќи зад средниот ред. За селекциите ориентирани во рамна линија, покривањето на овие агли е потешко, пишува „Би-би-си“.
  • Ефективност на лажните деветки. Тренд што го видовме за најуспешните клубови сезонава беше употребата на напаѓачи што менуваат позиции. Хари Кејн и Усман Дембеле им помогнаа на Баерн и на Пари сен Жермен да добијат многу во поседот на топката, оставајќи ги природните позиции на напаѓачи. На меѓународната сцена, Шпанија историски наоѓала успех користејќи ги играчите од средниот ред како лажни деветки, наместо традиционални напаѓачи. Со пополнување на својот тим со технички играчи од средниот ред, тимовите имаа проблем да им ја одземат топката. Со оглед на тоа што тимовите сѐ повеќе го прифаќаат маркирањето човек на човек како дефанзивен пристап на клупско ниво и на Светското првенство, дозволувањето на напаѓачот да се движи на необично длабоки и широки позиции е дилема за дефанзивниот тим, пишува „Би-би-си“. Ако централните бекови ги следат длабоко во средниот ред или на крилото, се отвора простор во средината на нивната одбрана. Ако централните бекови ги остават, техничките напаѓачи му даваат на својот тим преоптоварување во дел од теренот, помагајќи му на својот тим да ја задржи топката и да создаде опасни напади, пишува „Би-би-си“.
  • Сѐ пофлуидни средни линии за да предизвикаат притисок. Победата на САД против Парагвај веројатно беше најдобрата претстава на напаѓачки фудбал на турнирот досега. САД кога имаа посед играа со тројца во одбраната, а преостанатите четири играчи се движеа послободно во централните области, охрабрени да играат поблиску еден до друг, пишува „Би-би-си“. Но, наместо да ја одржуваат средината на теренот на ригиден начин, офанзивниот играч од средниот ред од далечната страна доаѓаше кон топката и САД често се наоѓаа со преоптоварување на средниот ред. Многуте играчи во близина ги привлекуваа противничките играчи и кога тоа се случуваше, САД се обидуваа да играат со директно додавање за тркачи зад нив каде што имаше помалку одбранбени играчи, пишува „Би-би-си“.
  • Прекини во стилот на Премиер-лигата. Фудбалот во Премиер-лигата беше дефиниран со зголемувањето на бројот на голови од прекините и тоа е тактика што репрезентациите ја користеа успешно во првите неколку натпревари. Чешка постигна гол по изведен аут, БиХ постигна гол од корнер, како и Германија, а Холандија и Тунис постигнаа голови со нафрлени топки веднаш по прекини. Некои од користените тактики се позајмени од клупскиот фудбал, пишува „Би-би-си“. Н.М.

СП 2026, РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ

Група А
Мексико – Ј. Африка 2-0
Ј. Кореја – Чешка 2-1
Чешка – Ј. Африка утре, 18 ч.
Мексико – Јужна Кореја петок, 3 ч.

Група Б
Канада – БиХ 1-1
Катар – Швајцарија 1-1
Швајцарија – БиХ утре, 21 ч.
Канада – Катар петок, 0 ч.

Група Ц
Бразил – Мароко 1-1
Хаити – Шкотска 0-1
Шкотска – Мароко сабота, 0 ч.
Бразил – Хаити сабота, 2.30 ч.

Група Д
САД – Парагвај 4-1
Австралија – Турција 2-0
САД – Австралија петок, 21 ч.
Турција – Парагвај сабота, 5 ч.

Група Е
Германија – Курасао 7-1
Брегот на СК – Еквадор 1-0
Германија – БСК сабота, 22 ч.
Еквадор – Курасао недела, 2 ч.

Група Ф
Холандија – Јапонија 2-2
Шведска – Тунис 5-1
Холандија – Шведска сабота, 19 ч.
Тунис – Јапонија недела, 6 ч.

Група Г
Белгија – Египет 1-1
Иран – Нов Зеланд 2-2
Белгија – Иран недела, 21 ч.
Нов Зеланд – Египет понед., 3 ч.

Група Х
Шпанија – Зелено`ртски О. 0-0
С. Арабија – Уругвај 1-1
Шпанија – С. Арабија недела, 18 ч.
Уругвај – Зелено`ртски О. понед., 0 ч.

Група И
Франција – Сенегал синоќа
Ирак – Норвешка 0 ч.
Франција – Ирак вторник, 23 ч.
Норвешка – Сенегал среда, 2 ч.

Група Ј
Аргентина – Алжир 3 ч.
Австрија – Јордан 6 ч.
Аргентина – Австрија понед., 19 ч.
Јордан – Алжир вторник, 5 ч.

Група К
Португалија – ДР Конго 19 ч.
Узбекистан – Колумбија утре, 4 ч.
Португалија – Узбек. вторник, 19 ч.
Колумбија – ДР Конго среда, 4 ч.

Група Л
Англија – Хрватска 22 ч.
Гана – Панама утре, 1 ч.
Англија – Гана вторник, 22 ч.
Панама – Хрватска среда, 1 ч.