РАКОМЕТ – ПО НОВАТА ТИТУЛА НА БАРСЕЛОНА ВО ЛШ
Со освојување на титулата на Барселона во ракометната Лига на шампионите (ЛШ), Шпанија одново е најуспешна во три екипни спорта за мажи, и тоа во фудбал, кошарка и во ракомет, според вкупниот број освоени титули во споредба со други земји. Барселона 13. пат е првак на Европа во ракомет и според тоа е рекордер.
За Шпанија, пак, тоа беше 19. европска титула во тој спорт, откако претходно континентални прваци беа и Сиудад Реал (трипати), Портланд Сан Антонио, Кантабриа и Бидаоса (по еднаш). Од другите земји, Германија има 18 титули.
Во фудбал, клубовите од Шпанија досега освоија вкупно 20 европски титули (рекордерот Реал Мадрид има 15, Барселона освои пет), а на второто место на оваа необична листа е Англија со 15 континентални трофеи. Шпанија е водечка според европските титули и во кошарка, со вкупно 14 (рекордерот Реал Мадрид освои 11, Барселона два, Хувентуд еден), пред Италија со една титула помалку. Н.М.

































