Популарниот поп-состав „Нокаут“ со голем концерт прослави 30 години од својата кариера синоќа во спортскиот центар „Јане Сандански“.
Преку концертна изведба на нивните најголеми хитови… „Еј би си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Хајфај“, „Мене ми припаѓаш“, „Сонувам диско“, „Илјада причини за крај“, „Позитиво“, „Да си тука вечерва“, „Кога ме сакаш ти“, „Лебедот бел“, „Знаеш каде да ме најдеш“… присутната публика и верните обожаватели низ годините имаат можност да се потсетат, со многу емоции, и на прерано починатиот член на групата, легендарниот Ацо Конга.
Нивниот концертен јубилеј го збогатија и гостите на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, „Дупер“, Дарко Димитров, Влатко Лозаноски, Дамјан Пејчиновски, Миа Перевска…














































