Фото: ЦУК

Пожар денеска избувна во депонија во скопската општина Шуто Оризари, при што се запали машина за мелење железо, соопшти Центар за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК информираат дека на бројот 112 била пријавена запалена машина на улица „1675“ број 24, по што Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала со две противпожарни возила.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, соопшти дека според информации од Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје, пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово понатамошно ширење, бидејќи објектот е ограден со ѕидови.

Интервенцијата била брза, а состојбата на терен е стабилизирана.