Европските земји уверуваат дека ја разбрале пораката на американскиот претседател Доналд Трамп и дека гарантираат спроведување на договорите за користење на воените бази, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пренесе „Ројтерс“.
Трамп обвинува некои членки на НАТО дека не прават доволно за да ги поддржат Соединетите Американски Држави во војната со Иран.
– Да, постои одредено разочарување од американска страна, но Европејците ја примија пораката – изјави Руте пред новинарите на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија.


































