Фото Ка.М.

Изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски – Алпи беше отворена синоќа во Ликовната галерија во ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп.
Уметникот се претставува со 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим. На делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја, со најразлични мотиви-крстови, пејзажи, кочанско поле….
Уметникот Верговски посочи дека делата ги работел со претчуство дека ќе се случи голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони.
Низ своето долгогодишно работно искуство како советник конзерватор дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.
Ка.М.

Фото Ка.М.
Фото Ка.М.
Фото Ка.М.
Фото Ка.М.