Египетската полиција денеска уби најмалку 40 милитанти во рации во Газа и во северниот дел на Синај, јави египетската новинска агенција МЕНА.
Рациите се преземени по вчерашниот бомбашки напад што се случи во близина на Пирамидите во Гиза, при што загинаа најмалку четири лица, а повредени се десет луѓе.
Инцидентот се случи кога автобус со туристи налетал на рачно изработена бомба поставена на пат.
На лице место загинаа двајца туристи од Виетнам, а во болница починаа туристичкиот водич и уште еден виетнамски турист.
Се уште никој не презеде одговорност за нападот.
Египетските власти се уште немаат издадено официјално соопштение за спроведените рации.