ФУДБАЛ

  • Премиер-лигата сезонава постави рекорд со шест клуба во Лигата на шампионите

Четири од шесте претставници на англиската Премиер-лига во Лигата на шампионите (ЛШ) беа елиминирани во осминафиналето, но надежта за следната сезона уште постои – со дури седум клуба што можат да стигнат до натпреварувањето за сезоната 2026/2027, пишува „Скај спорт“. Постои специфичен исход според кој Англија би можела да има седум тима во тоа натпреварување во следната сезона, речиси една петтина од вкупниот број во лигашката фаза.
За тоа треба англиски клубови да ги освојат трофеите во Лигата на шампионите и во Лига Европа сезонава, наедно да не бидат на места за директен пласман преку табелата во англиското првенство. Сето тоа под претпоставка дека Англија, покрај редовните четири места, би го добила и едното од двете дополнителни места според табелата на Европската фудбалска унија (УЕФА) за вкупниот ефект на клубовите од секоја земја сезонава во трите европски купа, листа на која Англија моментално води.
Повеќе од половина од Премиер-лигата би можела да игра во Европа во идната сезона ако сѐ се подреди, пишува „Скај спорт“. Ако Премиер-лигата ги освои тие седум места во Лигата на шампионите, тоа, сепак, остава уште две места за настап во Лига Европа и едно за играње во Конференциската лига, а тоа би било со тимовите до 10. место на табелата. Ако, пак, Кристал палас ја освои Конференциската лига сезонава, тоа ќе обезбеди уште едно место за Англија во Лига Европа, но ако го стори тоа и тимот биде надвор од првите 10, што тоа би значело 11 англиски тима во Европа во следната сезона, пишува „Скај спорт“.
Англиската Премиер-лига уште има повеќе тимови во Европа од која било друга земја освен Шпанија и моментално води на ранг-листата на УЕФА, во трката за едно од тие две први места што обезбедуваат дополнително место во Лигата на шампионите за идната сезона. Англија има два преостанати клуба во Лигата на шампионите, а тоа натпреварување нуди најмногу поени за напредок во следната рунда, во споредба со Лига Европа и Конференциската лига. По еден претставник во Лигата на шампионите има од Германија, Португалија и од Франција. Под претпоставка дека Англија ќе има пет места во Лигата на шампионите преку табелата на Премиер-лигата, има многу екипи со шанси за пласман во тоа натпреварување, пишува „Скај спорт“. Н.М.


ЕВРОПСКИ КУПОВИ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Реал М. – Баерн утре, 21 ч.
Спортинг – Арсенал утре, 21 ч.
Барселона – Атлетико среда, 21 ч.
ПСЖ – Ливерпул среда, 21 ч.

ЛИГА ЕВРОПА
Брага – Бетис среда, 18.45 ч.
Фрајбург – Селта четврток, 21 ч.
Порто – Нотингем Ф. четврток, 21 ч.
Болоња – Астон вила четврток, 21 ч.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
Рајо Валјекано – АЕК четврток, 18.45 ч.
Шахтер – АЗ четврток, 21 ч.
Кристал п. – Фиорент. четврток, 21 ч.
Мајнц – Стразбур четврток, 21 ч.
сите реванши се идната недела


КОЈ ЌЕ ИГРА ВО МЕЧЕВИТЕ ЗА ТРОФЕИТЕ СЕЗОНАВА?

Лига на шампионите
Финалист 1: Пари сен Жермен, Ливерпул, Реал Мадрид или Баерн
Финалист 2: Барселона, Атлетико Мадрид, Спортинг или Арсенал
Лига Европа
Финалист 1: Брага, Бетис, Фрајбург или Селта
Финалист 2: Порто, Нотингем форест, Болоња или Астон вила
Конференциска лига
Финалист 1: Шахтер, АЗ, Кристал палас или Фиорентина
Финалист 2: Рајо Валјекано, АЕК, Мајнц или Стразбур