Фото: Горан Анастасовски

Првата активност е планинската трка „Водно-Матка Треилс 2026“, која започнува во 07.00 часот. Сообраќајот ќе се затвора во три кратки интервали од по пет минути — од 07.00 до 07.05, од 08.00 до 08.05 и од 09.00 до 09.05 часот. Стартот и целта се лоцирани кај комплексот „Македонско село“, а трасата се движи по дел од патот кон Горно Нерези и продолжува по планински патеки.

Втората трка, улична, ќе започне во 10.00 часот во организација на Сојузот на спортови на Скопје. Учесниците ќе трчаат по булеварот „Илинден“, од фонтаната „Лотус“ до крстосницата со булеварот „8-ми Септември“, каде што ќе направат полукружно вртење и ќе се вратат назад до почетната точка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат преземени мерки за регулирање на сообраќајот, при што возилата ќе се пренасочуваат по околните улици. Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници со цел безбедно и непречено одвивање на настаните.