Фото: ЕПА
Тре­то­то ко­ло на Тур­ни­ри­те на кан­ди­да­ти­те за свет­ски пр­вак во Па­фос (Ки­пар) и во ма­шка и во жен­ска кон­ку­рен­ци­ја до­не­се воз­буд­лив шах и че­ти­ри по­бе­ди. На ма­шки­от тур­нир, Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на освои цел по­ен про­тив Ки­не­зот Ји Веи во ми­ни­ја­тур­на пар­ти­ја по са­мо 19 по­те­зи, отка­ко ус­пеа да го за­ро­би не­го­ви­от ло­вец.
Вто­ра­та по­бе­да ја за­бе­ле­жа Уз­бе­ки­ста­не­цот Ја­во­кир Син­да­ров про­тив Ин­ди­е­цот Праг­на­нан­да Ра­меш­ба­бу, отка­ко жр­тву­ва­ше фи­гу­ра во са­мо­то отво­ра­ње. Ток­му Син­да­ров и Ка­ру­а­на игра­ат де­не­ска поп­лад­не во 4. ко­ло, по што утре ќе сле­ду­ва пр­ви­от сло­бо­ден ден. Дру­ги­те две пар­тии ме­ѓу Аме­ри­ка­не­цот Хи­ка­ру На­ка­му­ра и Хо­лан­ѓа­не­цот Аниш Ги­ри, од­нос­но Гер­ма­не­цот Ма­ти­јас Блу­ба­ум и Ру­си­нот Ан­дреј Еси­пен­ко за­вр­ши­ја со ре­ми.
На жен­ски­от тур­нир, Ру­син­ка­та Ка­те­ри­на Лаг­но во пре­крас­на пар­ти­ја ја на­ди­гра Тан Жонг­ји од Ки­на, а неј­зи­на­та со­на­род­нич­ка Жу Џи­нер во сло­же­на пар­ти­ја ја про­пу­шти сво­ја­та шан­са про­тив Ка­зах­стан­ка­та Би­би­са­ра Аса­у­ба­е­ва, ко­ја, пак, со ди­рект­на и енер­гич­на кон­тра­и­гра освои цел по­ен. Пар­ти­и­те ме­ѓу Ин­диј­ка­та Ва­и­ша­ли Ра­меш­ба­бу и Укра­ин­ка­та Ана Му­зи­чук, од­нос­но Ру­син­ка­та Але­ксан­дра Гор­јач­ки­на и Ин­диј­ка­та Див­ја Деш­мух за­вр­ши­ја ми­ро­љу­би­во.
 
Та­бе­ла, ма­жи: Син­да­ров (2.745 реј­тинг-по­е­ни) и Ка­ру­а­на (2.795) по два по­е­на, Ра­меш­ба­бу (2.741) и Блу­ба­ум (2.698) по 1,5, Веи (2.754), Ги­ри (2.753), На­ка­му­ра (2.810) и Еси­пен­ко (2.698) си­те со по еден по­ен.
 

Та­бе­ла, же­ни: Аса­у­ба­е­ва (2.616) и Лаг­но (2.556) по два по­е­на, Гор­јач­ки­на (2.534), Ра­меш­ба­бу (2.470), Му­зи­чук (2.522) и Деш­мух (2.497), си­те со по 1,5, Жонг­ји (2.535) и Џи­нер (2.578) со по еден по­ен.  

Г.И.