Фото: „Клуб на генерали“

Здружението „Клуб на генерали“ денеска одржа Годишно изборно собрание во Домот на Армијата во Скопје, на кое беше избрано новото раководство, соопштија од Здружението.
За нов претседател на Здружението е избран генералот Методија Величковски. На Собранието беа избрани и нов извршен и надзорен одбор.

Фото: „Клуб на генерали“

Во изминатите две години функцијата претседател на Здружението ја извршуваше бригадниот генерал Орце Јордев.

Фото: „Клуб на генерали“

Новоизбраниот претседател на Здружението, генералот Методија Величковски, се заблагодари на довербата што му е укажана да раководи со Здружението во периодот 2026–2028 година. Притоа ја претстави Програмата за работа и истакна дека во наредниот период Здружението ќе работи со засилено темпо, со цел поголема препознатливост и видливост во јавноста, продолжувајќи да се занимава со актуелните прашања од областа на безбедноста и одбраната на државата и да ја оправда својата улога и значење.

Досегашниот претседател, Јордев, во своето обраќање пред присутните истакна дека во текот на неговиот двегодишен мандат се реализирани речиси сите предвидени активности од Програмата за работа. Тој им посака успешна работа на новоизбраниот претседател, како и на членовите на новиот Извршен и Надзорен одбор.

„Клуб на генерали“ е здружение основано во 2012 година, во кое членуваат армиски генерали, вклучително и поранешни команданти и началници на Генералштабот на АРМ, чија главна цел е разгледување и унапредување на актуелните прашања од областа на безбедноста и одбраната на државата.
-Здружението и во наредниот период ќе продолжи проактивно да дејствува во насока на разгледување и унапредување на актуелните прашања од областа на безбедноста и одбраната, како и со реализација на содржајни активности насочени кон јакнење на својата стручна и општествена улога – велат оттаму.