Фото: Пиксабеј

Осумгодишно дете вчера е удредно од автомобил на влез во село Конче, по што со тешки телесни повреди е пренесено во Клиничката болница Штип.

– Во ОВР Радовиш вчера во 18:30 часот е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с. Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип – информира МВР во дневниот Билтен.

Извршен е увид на местото на несреќата од увидна екипа на ОВР Радовиш