Билатералните односи меѓу Кина и Македонија се развиваат успешно.
Двете страни се почитуваат. Активно истакнуваме соработка во најразлични сфери.
Сакаме повеќе соработка, комуникација, и Кина да ја посетуваат повеќе македонски
граѓани. Ова меѓу другото го изјави во Прилеп, кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан.
Според неа, Кина, објавила петгодишен план за соработка со другите земји.
– Со планот имаме широко отворена врата за соработка. Трговијата меѓу
двете земји е добра. Ние сме трета земја во поглед на соработка со Македонија и
прва надвор од Европа – рече амбасадорката Сиаојан.
Таа истакна дека кинески инвеститори кои биле во посета на Прилеп, се
заинтересирани за соработка и трговија во областа на рударството, односно за
мермерот.
– Амбасадата ја поттикнува соработката во различни области. Обезбедивме
можности за семинари, конференции. Сакаме македонските граѓани да имаат
искуства од Кина и да ја посетуваат. Во јуни ќе има конференција за тутун во
Дејанг и ќе упатиме покана до градоначалникот на Прилеп да присуствува – истакна
амбасадорката Џианг Сиаојан.
Ка.М.































