Во Македонија утринава минималните температури се под нулата со исклучок на Дојран каде е измерен еден степен. Најстудено е во Берово каде температурата се спуштила до -8 степени, по што следуваат Крива Паланка и Скопје-Петровец со -7, Битола, Демир Капија, Маврово и Лазарополе со -6, Тетово, Штип, Струмица и Дебар со -5, Скопје-Зајчев Рид, Пожаране, Претор, Куманово -4, Охрид и Тополчани -3 и Гевгелија -2 степена.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува до недела стабилно и суво време со услови за појава на магла по одделни котлини. Во недела кон крајот на денот и во понеделник претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и планините. Во сабота и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер.