Цените на нафтата повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел, само неколку дена откако достигнаа четиригодишен максимум, под влијание на растечките геополитички тензии на Блискиот Исток, објави „Си-ен-ен“.
Пазарите реагираат на продолжувањето на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, што создава сериозни стравувања за стабилноста на глобалното снабдување со гориво.
Растот на цените доаѓа и покрај одлуката на Меѓународната агенција за енергија да ослободи рекордни 400 милиони барели нафта на светскиот пазар со цел да се стабилизира понудата.
Глобалната референтна сурова нафта Брент, доцна во средата се тргуваше околу 100 долари за барел, што претставува раст од 8,7 проценти во текот на денот.
































