АТЛЕТИКА
Јакоб Киплимо (25) од Уганда го врати светскиот рекорд во атлетски полумаратон (21.097 метри), откако победи во португалскиот град Лисабон. Тој делницата ја помина за 57 минути и 20 секунди, за 10 секунди побрзо од рекордот поставен од Јомиф Кејелча од Етиопија, кој беше поставен во Валенсија (Шпанија), во 2024 година.
Киплимо и претходно беше носител на рекордот, со време од 57,31 минути, на истата патека во Лисабон, во 2021 година. Трикратниот светски шампион во крос-кантри исто така оствари време од 56 минути и 42 секунди во Барселона (Шпанија) лани, но тој резултат не беше потврден од Светската атлетика (СА) поради нелегална помош, пишува „Би-би-си“.
– Многу сум среќен што го соборив светскиот рекорд. По првите десет километри мислев дека светскиот рекорд е можен. Се обидов да продолжам да го забрзувам темпото во последните два километра – рече Киплимо, пренесе „Би-би-си“.
Тој ги помина првите пет километри за 13,28 минути, стигна до десеттиот километар за 27 минути, истрча 15 км за 40,52 пред да го забрза темпото и да ја помине следната делница од пет км за 13,31 минути. Кениецот Николас Кипкорир го освои второто место (58,08 минути), а неговиот сонародник Гилберт Кипротич беше трет (58,59). Г.И.
































