Женската кошаркарска репрезентација на Македонија утре на гости ќе игра со Данска, во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2027 година во Белгија, Финска, Шведска и во Литванија. Македонките изминатиот викенд ги одработија двата тренинга во Скопје, како дел од мини-подготовките пред трите дуели што ги очекуваат во овие квалификации. На првиот тренинг присуствуваше видно подмладен состав на црвено-жолтите: Александра Стојановска, Илина Селцова, Ања Начевска, Марија Николов, Вања Милосављевиќ, Михаела Алексовска, Елена Тасевска, Милица Николиќ, Теа Трајковска, Јана Пислевска и Дора Алексова. Поради клупски обврски, недостигаше единствено Мерит Хемпе, која ќе им се приклучи на своите соиграчки во Данска.
Во овој квалификациски циклус, Македонија ја очекува тежок распоред, против Данска утре на гости, потоа со Грција в сабота на гости и на 17 март, на свој терен, со Хрватска. По три кола во групата Ф од квалификациите за ЕП 2027, Македонија забележа една победа, против Данска (дома), и два пораза, од Грција (дома) и од Хрватска (на гости). По групната фаза, двете првопласирани селекции од седумте групи и трите најдобри меѓу третопласираните одат во вториот дел од квалификациите за место на ЕП 2027. Г.И.
ГРУПА Ф
Данска – Македонија утре, 18.30 ч.
Хрватска – Грција утре, 19 ч.
ТАБЕЛА
Хрватска 3 2 1 236-217 5
Грција 3 2 1 271-243 5
Македонија 3 1 2 218-262 4
Данска 3 1 2 250-253 4
































