Фото: ЕПА

ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ОСМИНАФИНАЛЕ

  • Пари сен Жермен и Челси лани играа за светската клупска титула, Реал Мадрид и Манчестер сити се среќаваат вторпат сезонава и петта година по ред, сезонава меѓусебни дуели имаа и Галатасарај и Ливерпул, како и Барселона и Њукасл, мечот Атлетико – Тотенхем во 1963 година беше финале на некогашниот КПК…

Осминафиналето на Лигата на шампионите почнува денеска, а ќе има неколку репризи, еден дебитант… Пари сен Жермен утре е домаќин на Челси, кој минатиот јули го спречи победникот на Лигата на шампионите да ја освои титулата на Светското клупско првенство. Реал Мадрид е домаќин на Манчестер сити вторпат сезонава и петта година по ред во нокаут-рундите на Лигата на шампионите. Во три од тие години, победникот го освои трофејот. Реал Мадрид – Манчестер сити е и една од трите двојки од осминафиналето што веќе се играа пред неколку месеци во првата фаза од лигата. Во септември Галатасарај го победи Ливерпул во Истанбул, а Барселона славеше на дуелот со Њукасл на гости. Аталанта е домаќин на Баерн пет години откако претходен пат стигна до осминафиналето.
Бодо/Глимт го заврши 29-годишното чекање на Норвешка да биде претставена толку доцна во сезоната, откако тогаш Розенборг се пласира во четврт-финалето од помала групна фаза со 16 екипи, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Бодо/Глимт сега е домаќин на Спортинг во Арктичкиот Круг, каде што Манчестер сити и Интер загубија сезонава, пишува АП.
Пари сен Жермен и Челси играа меѓу себе во осминафиналето на Лигата на шампионите кога тренери во таа 2016 година беа Лоран Блан, односно Гус Хидинк. Тимот на ПСЖ победи дома и на гости во третата година по ред во која клубовите се сретнаа во нокаут-фазата. Нивната претходна средба е од пред осум месеци, кога со 3-0 победи Челси, тогаш трениран од Енцо Мареска, на стадионот „Метлајф“ во близината на Њујорк, инспириран од Кол Палмер. Тренер на Челси сега е Лиам Розениор, кој ја почна сезоната како ривал на Пари сен Жермен во француската лига, во Стразбур.
Само една од осумте двојки е реприза на некое финале на куповите на Европската фудбалска унија (УЕФА) од 1955 година. Во финалето на тогашниот Куп на победниците на куповите (КПК) во 1963 година Тотенхем победи со 5-1 на дуелот со Атлетико Мадрид, одигран во Ротердам. Тоа е исто така единствениот пат кога тие два тима претходно се сретнаа на меѓународната сцена, пишува АП. Н.М.


ЛШ, ОСМИНАФИНАЛЕ

Галатасарај – Ливерпул 18.45 ч.
Аталанта – Баерн 21 ч.
Њукасл – Барселона 21 ч.
Атлетико М. – Тотенхем 21 ч.
Баер – Арсенал утре, 18.45 ч.
Пари сен Жермен – Челси утре, 21 ч.
Реал М. – Манчестер С. утре, 21 ч.
Бодо/Глимт – Спортинг утре, 21 ч.
реваншите се идната недела