Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи рече дека Америка „горчливо ќе жали за преседанот што го постави“ откако американска подморница потопи ирански воен брод покрај брегот на Шри Ланка, пренесе „Њујорк пост“.
– САД извршија злосторство на море, 2.000 милји оддалечено од бреговите на Иран. Фрегатата „Дена“, гостин на индиската морнарица со речиси 130 морнари, беше погодена во меѓународни води без предупредување – напиша Аракчи на „Икс“
– Запомнете ги моите зборови: САД горчливо ќе жалат за преседанот што го поставија, додаде Аракчи.
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, потврди дека Вашингтон е одговорен за нападот врз „Дена“, велејќи дека бродот бил пречекан со „тивка смрт“.
Ова е првото потонување на непријателски брод од торпедо по Втората светска војна -додаде Хегсет.
































