Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на одлуката од 27 февруари 2026 година.
Од РКЕ информираат дека референтните цени на светските пазари бележат зголемување кај бензините за 2,977 проценти, кај дизелот за 0,464 проценти, кај екстра лесното масло за 0,370 проценти, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 3,965 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во периодот на пресметка е понизок за 0,1035 проценти.
Согласно одлуката, од 3 март 2026 година од 00:01 часот максималните цени ќе изнесуваат:
-
ЕУРОСУПЕР БС-95 – 74,50 денари за литар
-
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 76,50 денари за литар
-
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 71,00 денари за литар
-
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 70,00 денари за литар
-
Мазут М-1 НС – 35,542 денари за килограм
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар по литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло (ЕЛ-1) остануваат непроменети. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 денари по килограм.
Од РКЕ напоменуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат цените и пониско од утврдените највисоки износи.































