Поради влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вчера е формиран кризен штаб кој ќе биде на 24-часовно располагање на македонските државјани.
Од Министерството информираат дека задачата на кризниот штаб е континуирано да ја следи состојбата на терен и да ги координира сите активности поврзани со македонските државјани кои се наоѓаат во или во близина на загрозените подрачја, а на кои им е потребна помош или асистенција.
Истовремено, дипломатско-конзуларните претставништва на државата се во постојана комуникација и целосно на располагање на граѓаните.
Согласно информациите од амбасадите на Република Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби, како и преку пријавите на СОС телефонот во Министерството во Скопје, се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја.
Со сите пријавени лица се одржува постојан контакт, при што се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивна безбедна евакуација, во зависност од развојот на безбедносната состојба.
Од Министерството уште еднаш апелираат до сите македонски државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот строго да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните безбедносни органи.
За дополнителни информации и помош на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Македонија во Доха:
+974 50 173 111
Амбасада на Република Македонија во Абу Даби:
+971 56 441 7532
Амбасада на Република Македонија во Тел Авив:
+972 54 500 8566
+972 54 967 0546
Министерството нагласува дека останува целосно посветено на заштитата на македонските државјани и ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата.































