Во услови на актуелната и чувствителна безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до македонските државјани кои престојуваат во Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и навремено да постапуваат според насоките на надлежните институции во земјите домаќини, пренесе МИА.
Од Министерството потсетуваат дека во случај на потреба од конзуларна помош, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Е-пошта: [email protected]
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]
Поради дополнително влошување на безбедносната состојба во Израел, Министерството утрово упати посебен апел и до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава. Тие се повикуваат редовно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да ги почитуваат инструкциите на надлежните институции.
-Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај – соопшти денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Дополнително, македонските државјани кои имаат потреба од помош можат да стапат во контакт и со Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на телефонските броеви +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546 или преку електронската пошта [email protected].

































