КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ ЗА КОШАРКАРКИ

Кошаркарките од Македонска Каменица, Баскет Кам, четврти пат го освоија Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, откако во финалниот дуел првпат одржан во Македонска Каменица ја совладаа екипата на Крива Паланка со 74-68, што е нивен четврти трофеј во ова натпреварување. За Баскет Кам ова беше шесто финале во низа. Во победничкиот состав, Ивана Кметовска беше најефикасна со 24 поени (плус девет скока), Цветанка Димова и Катерина Поп-Димитровска постигнаа по 16, а Сања Адамовска 12. Кај Крива Паланка доминираше Диани Робинсон со 30 поена.
Во полуфиналните дуели Баскет Кам ја совлада екипата на МЗТ бела вода со 74-63, а Крива Паланка беше поуспешна од Бадел 1862 со 81-45. Кметовска, членка на Баскет Кам и актуелна македонска репрезентативка, е прогласена за најкорисна кошаркарка (МВП) на турнирот. Во финалето имаше висок процент на реализација во обидите за два поена (10/13), за 33 минути и 52 секунди во игра. Г.И.