Фото: Официјален фејсбук профил

Словачкиот премиер Роберт Фицо оцени дека во Европската Унија расте недовербата поради приоритетот што му се дава на Киев, предупредувајќи дека таквиот пристап може да ја блокира способноста на Унијата да носи клучни одлуки.

– Недовербата внатре во ЕУ расте со огромна брзина. Ако ЕУ им даде приоритет на интересите на Украина пред легитимните интереси на земјите членки, тоа ќе доведе до неможност да се носат важни одлуки кои бараат согласност од сите – изјави Фицо во видеообраќање на Фејсбук.

Тој посочи дека проблематично би можело да биде и усвојувањето на нов пакет санкции против Русија, а континуираното финансирање на Украина го нарече „идеолошко лудило“, повикувајќи ЕУ да преземе иницијатива за мирно решавање на конфликтот.

Фицо го критикуваше и германскиот канцелар Фридрих Мерц, оценувајќи дека стратегијата за поддршка на Украина „додека Русија целосно не се исцрпи“ е нереална и опасна, продлабочува конфликт и претставува економски ризик за Европа.