Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска ги отфрли повиците за создавање европска армија, предупредувајќи дека тоа може да биде „екстремно опасно“.
ЕУ разгледува начини да ја обезбеди сопствената безбедност откако САД предупредија дека нејзините приоритети се на друго место. Приказната за европска армија повторно се појави во услови на тензии во НАТО, поради заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд, полуавтономна територија на сојузникот на НАТО, Данска.
– Оние кои велат дека ни треба европска армија, можеби всушност не го разгледале тоа практично. Ако веќе сте дел од НАТО, не можете да создадете посебна армија – рече Калас.
Калас на безбедносна конференција во Норвешка рече дека најважниот воен ресурс за време на криза е „синџирот на команда – кој на кого му дава наредби“.
Воените операции на НАТО ги надгледува највисокиот сојузнички командант, кој секогаш е висок американски офицер. Функцијата моментално ја држи генерал-потполковник Алексус Гринкевич од воздухопловните сили на САД.
































