Фото: „Илинден Тирана“

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа. Истата содржи осум фотографии од преспанскиот крај, што претставува значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.

Разгледницата е авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на Македонскиот весник „Илинден”.

Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејството Ѓурѓај.

Разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, со цел придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Македонците во Албанија.