Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено и со намера за продажба држел околу 10 грама хероин.
– Поради постоење околности што упатуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот- информираат од ОЈО.



































