Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски преку својот фејсбук-профил попладнево информира дека со својот владин тим одржал состанок за реформската агенда.

Како што наведува Мицкоски, борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор.

– Саботен состанок за реформска агенда. Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор. Силно сме фокусирани кон стандарди за подобар живот на граѓаните. Таа борба продолжува – пишува премиерот Мицкоски.