Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчесзнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана.
– Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има едена личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска – одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата.
Стапено е во контакт со официјални претстваници на Швајцарија и понудена е помош.
– Стоиме на располагање и очекуваме доколку е потребно да побараат помош – рече Митева и во име на Владата изрази жалење и сочувство за несреќата во Кран Монтана.

































