Фото: Маја Јаневска Илиева

Со три странски компании кои пројавиле интерес за инвестиции и отварање на фабрики во земјата завршени се преговорите, а станува збор за капацитети во автомобилската, потоа индустријата на високи технологии и фармацевтска индустрија – потврди денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

-Веќе три се завршени со преговори и потврдени. Донесена е одлука, во вредност од прилика од 110-120 милиони евра во првата фаза, со отприлика 1.500 вработувања, кога ќе го достигнат полниот капацитет – посочи Мицкоски во одговор на прашање.

Македонскиот премиер Мицкоски истакна дека се преговара со уште десет странски инвеститори.

-Преговараме со уште десет – дел во енергетика, дел во индустрија на високи технологии, дел во автомобилска индустрија итн. Цениме дека тие ќе додат вредност во економијата на државата – подвлече премиерот Мицкоски денеска кој присуствуваше на промоција на 120 нови полициски возила во Министерството за внатрешни работи.