ФУДБАЛ – ИЗБОР НА ФИФА
- Од другите награди на ФИФА, признанија добија, на пример, Вигман и Енрике во категоријата тренери и Хемптон и Донарума меѓу голманите
Шпанката Аитана Бонмати ја освои историската награда „Најдобра фудбалерка“ трета година по ред, а Французинот Усман Дембеле беше избран за најдобар играч, во изборот на Светската фудбалска федерација (ФИФА). На свеченоста во Доха (Катар), фудбалерката од средниот ред на Барселона беше прогласена за најдобра по уште една извонредна година за клубот и за репрезентацијата, станувајќи првата фудбалерка што освоила три последователни титули во изборот на ФИФА, пишува Светската фудбалска федерација. Дембеле одигра главна улога во сезоната за паметење на Пари сен Жермен, освојувајќи го Купот на Франција, нивната 13-та титула во Лига 1 и историската прва титула во Лигата на шампионите и второто место на клупското Светско првенство, пишува ФИФА.
Во изборот на ФИФА гласаа капитените, селекторите, претставници на медиуми, гледачите и панел на ФИФА. Од другите награди, на пример, кај тренерите признанија добија Сарина Вигман (ја предводеше Англија до втората европска титула по ред) и Луис Енрике (европски шампион со Пари сен Жермен), кај голманите Хана Хемптон (со Челси освои домашна тројна круна, а со Англија европска титула) и Џанлуиџи Донарума (се приклучи на Манчестер сити годинава, а стана европски првак со Пари сен Жермен)…

Бонмати, Дембеле, Вигман, Енрике, Хемптон и Донарума годинава ги добија и наградите „Златна топка“, во соодветните категории, во изборот на францускиот магазин „Франс фудбал“.
Во изборот на Светската фудбалска федерација беа избрани и најдобрите тимови во женска и во машка конкуренција. Најдобрите 11, фудбалерки: Хана Хемптон, Луси Бронз (двете Челси и Англија), Ирене Паредес, Она Батле, Аитана Бонмати, Клаудија Пина, Патри Гијаро, Алексија Путејас (сите Барселона и Шпанија), Леа Вилијамсон, Алесија Русо, Мариона Калдентеј (трите Арсенал и Англија). Најдобрите 11, фудбалери: Џанлуиџи Донарума (Пари сен Жермен и Манчестер сити/Италија), Ашраф Хакими (Пари сен Жермен/Мароко), Вилијан Пачо (Пари сен Жермен/Еквадор), Вирџил ван Дајк (Ливерпул/Холандија), Нуно Мендес, Витиња, (двајцата Пари сен Жермен и Португалија), Џуд Белингем (Реал Мадрид/Англија), Педри, Ламин Јамал (двајцата Барселона и Шпанија), Кол Палмер (Челси/Англија), Усман Дембеле (Пари сен Жермен/Франција). Н.М.
































