Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Хаг изјави дека Русија мора да сноси одговорност за „злосторството агресија“.
Зеленски, исто така, се обрати пред холандскиот парламент, пред конференцијата за формирање на Меѓународната комисија за барања за Украина, која ќе разгледува барања за надомест на воената штета предизвикана од војната и е дел од меѓународниот механизам за надомест.
Украинскиот претседател е во официјална посета на Холандија.
Програмата на посетата вклучува средби со молдавската претседателка Маја Санду и холандскиот премиер Дик Шуф, како и аудиенција кај кралот Вилем-Александар. Се очекува Зеленски да учествува и на дипломатска конференција на високо ниво, заедно со Шуф, Санду и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет. Како дел од посетата, Зеленски ќе го посети и Центарот за воена рехабилитација Арденбург.
































