Заради изведување технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од непарните броеви од бр. 173 до 187 на ул. „Антон Димитров“ во нас. Драчево, во општина Кисела Вода.
Прекин во снабдувањето со струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот ќе имаат корисниците од дел од ул. „Нерешка“ во општина Ѓорче Петров.