- Денот на албанското знаме и оваа година беше алатка и политикантски инструмент, а не културен настан. Особено е проблематично што ваквите активности се партиски поттикнати, организирани или директно охрабрени од политички субјекти – највидливо од ДУИ, партија што многу години беше дел од институциите, креираше влади, управуваше со клучни сектори и денес повторно претендира да има доминантна улога во власта.
Кога партија што има амбиција да управува со државата поттикнува постапки што се косат со Уставот, тоа веќе не е политичка игра, туку тоа е креирање институционален ризик и симптоми на политичко насилство
Последните собири организирани по повод Денот на албанското знаме повторно ја отворија темата за тоа колку се почитуваат уставните принципи во нашата држава и каква е улогата на политичките партии во зачувувањето или поткопувањето на правната држава.
Масовните манифестации исклучиво со албански знамиња, придружени со симболи како картите на т.н. голема Албанија, не беа безопасни културни изрази, туку политички креирани акти, со правни импликации. Особено е проблематично што ваквите активности се партиски поттикнати, организирани или индиректно охрабрени од политички субјекти – највидливо од ДУИ, партија што многу години беше дел од институциите, креираше влади, управуваше со клучни сектори и денес претендира повторно да има доминантна улога во власта.
Кога партија што има амбиција да управува со државата поттикнува постапки што се косат со Уставот, тоа веќе не е политичка игра, туку тоа е креирање институционален ризик и симптоми на политичко насилство.
Знамето е симбол на територија и нејзин суверенитет
Во Уставот се дефинирани неколку категории што имаат директен однос со ваквите настани:
- државните симболи (знаме, грб, химна) се основни обележја на државноста;
- суверенитетот е единствен и неделив;
- владеењето на правото е темелен принцип;
- сите граѓани имаат право слободно да ја изразуваат етничката припадност, но не на штета на државниот интегритет.
Неистакнувањето на македонското знаме на јавни собири што се случуваат на територија на Македонија, особено кога станува збор за организирани и политички мотивирани настани, претставува директно нарушување на принципите за државност и уставниот поредок. И во истиот контекст, Законот за употреба на знамињата на заедниците дозволува етничките заедници да го истакнуваат своето знаме паралелно со државното. Но, во овој исказ, клучниот збор е – паралелно. Следствено на тоа, нашите соговорници, правни експерти, издвојуваат неколку точки:
1. Во Законот за употреба на знамињата многу децидно е предвидено каде, кога и во каква форма, димензија се употребува знамето на етникумите во државава.
2. Никаде не стои дека етничкото знаме може комплетно да го замени државното.
3. Забранета е употреба на симболи што повикуваат на дезинтеграција, парадржавност или територијални претензии.
4. Политичките партии не смеат да употребуваат етнички симболи како замена за државни обележја на масовни јавни собири.
А во случајот со прославата на Денот на албанското знаме, низ целата држава, онаму каде што се прославуваше, токму овие гореспоменати точки беа прекршени.
Тоа отвора прашање не само за политичка одговорност туку и за материјална и кривична одговорност, бидејќи токму тие поведенија спаѓаат под „дејствија што законски се третираат како загрозување на уставниот поредок“!Празникот на албанското знаме во ваква форма и облик секоја година се претвора во предмет за реакција за надлежните државни институцииДржавното знаме не е дизајн или украс. Тоа е симбол на суверенитетот, на државната надлежност, на територијалниот интегритет. Отсуството на македонското знаме на масовен јавен собир создава правен вакуум (инертност, неспособност или селективност) за примена на правдата. Кога луѓето носат симболи на голема Албанија, тоа не е невино. Тоа е прашање за промптна реакција за органите на јавната безбедност, поради нарушување на редот според Законот за јавни собири, но и заради спречување потенцијални етнички тензии. Затоа што самиот факт што такви симболи се носат масовно и демонстративно е доказ за со умисла чинење системско занемарување на законската регулатива.
Но проблемот е што политичката тежина на ДУИ со години создаваше атмосферa во која институциите се воздржуваа да реагираат. Тоа е всушност длабоката лузна на структурното нарушување на владеењето на правото.


































