САД очекуваат Унгарија да престане да користи руската нафта и гас, изјави Метју Витакер, американски амбасадор во НАТО, додека во исто време Вашингтон ги повика Будимпешта, Словачка и Турција, да развијат и спроведат план за намалување на нивната енергетска зависност од Русија
Како што пишува „Украинска Правда“, Витакер нагласи дека САД се подготвени да ѝ помогнат на Унгарија да ја елиминира својата зависност од руските енергенси, но истакна дека унгарската страна досега не презела конкретни чекори во таа насока.
– Знаете, Унгарија, за разлика од многу нејзини соседи, не направи никакви планови ниту презеде активни чекори. Затоа ќе продолжиме да работиме со нив и ќе работиме со нивните соседи како Хрватска и други земји кои можат да им помогнат да се одвикнат – рече Витакер.
Овој повик доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп очекува Европа целосно да се откаже од руската нафта и гас. Неговата администрација неодамна воведе санкции против руските енергетски гиганти Росњефт и Лукоил.
По воведувањето на санкциите, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја работи на изнаоѓање начин како да ги заобиколи американските мерки.

































