Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Бен Дејвис е под знак прашалник поради повреда за настап за репрезентацијата на Велс во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство со Лихтенштајн и со Македонија следниот месец, пишува „Би-би-си“.
Дефанзивецот беше капитен на репрезентацијата на Велс, кога го имаше својот стоти меѓународен настап, во поразот од селекцијата на Белгија со 4-2, во квалификациски натпревар за Мундијалот, пред неколку недели, но го напушти теренот во второто полувреме поради повреда, а тренерот на Дејвис, Томас Франк, сега потврди дека би можел да биде надвор од теренот некое време поради повредата, пишува „Би-би-си“.
– Бен Дејвис е надвор од теренот поради повреда на тетивата, може да поминат недели – изјави Франк за клупските медиуми пред натпреварот на Тотенхем во третото коло на Лигата на шампионите, на гости со Монако, пренесе „Би-би-си“.
Велс гостува кај репрезентацијата на Лихтенштајн на 15 ноември, а три дена подоцна ќе ѝ биде домаќин на Македонија, во Кардиф. Селекциите на Велс и на Македонија се во игра за пласман на второто место во групата Ј, кое гарантира настап во плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал в година во САД, Мексико и во Канада. Н.М.