Илустрација / Фото: „Нова Македонија“

Вкупното бруто-домашното производство на електрична енергија во август 2025 година изнесувало 381.301 мегават часови, што претставува 93,2  проценти% од бруто-домашната потрошувачка на струја, соопшти Државниот завод за статистика.

Во август 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 409 092 МWh електрична енергија, 20.185 милиони нормални метри кубни природен гас, 267.987 тони јаглен и 110.475 тони нафтени продукти.