Министерот за спорт Борко Ристовски, во Куманово го означи почетокот на Државното првенство во пливање за основни и за средни училишта, кое се одржува во организација на Федерацијата за училиштен спорт на Македонија со поддршка од Министерството за спорт. Преку овој масовен училиштен спортски настан, на кој учествуваат ученици од целата држава, се промовираат вредностите на ферплејот, тимската работа и љубовта кон спортот.
– Нашата заложба е секое дете, секој млад човек во нашата држава, да има пристап до квалитетна спортска инфраструктура. Затоа инвестираме во изградба и во реконструкција на спортски базени, игралишта и сали во сите региони. Спортот мора да биде достапен и безбеден, а тоа е можно само со модерни и функционални спортски објекти – рече министерот Ристовски, информираат од Министерството за спорт. Г.И.