Фото: Маја Јаневска-Илиева

Петмина ученици, кои на голем одмор јаделе седнвичи во сендвичара – киоск близу нивното средно училиште во Штип, завршија во Клиничка болница на Инфективното одделение, пренесува МИА.

Мајката на еден од учениците, која сака да остане анонимна, вели дека нејзиното дете првите симптоми ги добило неколку часа по консумирањето на храната и се сомнева во квалитетот на месото или компирите.

Нејзиното дете во болницата е хоспитализирано во петокот. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) претпладнево излегоа со соопштение – по добиена пријава од Центарот за јавно здравје – Штип, дека пет лица се здобиле со симптоми на труење, извршиле инспекциски надзор во сендвичарата.

– Земени се примероци од инкриминиранта храна за лабораториско испитување и брисеви од работните површини. Мајката на едно од децата, кое завршило во болница, апелира надлежните да вршат чести контроли на местата каде се чува храната и на самите угостителски објекти, каде се послужува. По наредба на инспекциските служби на АХВ, сендвичарата е времено затворена со до добивање на резултатите од лабораториските испитувања, со што ќе се потврди нејзината безбедност – се наведува во соопштението на АХВ.

Мајката апелира надлежните институции да вршат редовни контроли на сендвичарите и угостителските објекти, од каде што учениците купуваат храна.

– Јас апелирам храната што е оставена по магацините да се контролира и да се продава хигиенски исправна – храната и на сендвичарите и на рестораните, каде што се служат децата со храна. Да нема контамирана храна и од магацините да се води сметка како се продава, а и како се обработува во рестораните и сендвичарите – вели мајката на едно од децата кое добило труење.

Учениците се во добра здравствена состојба, откако добиле лекарска помош.