Доналд Трамп - Фото: ЕПА

Се надеваме дека ќе постигнеме нешто, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на новинарско прашање дали мисли дека може да има дипломатско решение за конфликтот во Газа.

– Ја проучуваме Газа и многу интензивно се занимаваме со Газа. Таму е вистински хаос – додаде тој.

„Тајмс оф Израел“ потсетува дека САД сметаат дека признавањето на државата Палестина од неколку нејзини сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, е „перформативно“.

– Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедност на Израел и мир и просперитет за целиот регион, кој е можен само без Хамас – изјави портпарол на американскиот Стејт департмент, кој побара да остане анонимен, пренесува „Тајмс оф Израел“.