Фото: З.А / Илустрација

Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека во текот на изминатото деноноќие имало 20 пожари на отворен простор од кои активни остануваат четири и еден е под контрола.

Активни се пожарите кај селото Виниче во месноста викана Муратица во општина Гази Баба, кај селото Петрово на планината Кожуф, кај селото Никуштак во општина Липково и кај селото Вражале во општина Зелениково.

Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот кај селото Трубарево во општина Гази Баба.