Mанифестацијата „100.000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“, распишува поетски конкурс за годинашното јубилејно 15. издание на фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми што се поврзани со промените, глобално, но и локално.
Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на фејсбук-профилот на оваа манифестација или на [email protected] најдоцна до 20 септември 2025 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата, која ја одредуваат организацискиот одбор на манифестацијата и здружението, и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.
Овој конкурс се организира веќе петнаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот.